
Долгогодишниот поранешен фудбалер на Челси, Џон Оби Микел, тврди дека неговиот пријател и сонародник Виктор Осимен сака да игра на „Стемфорд Бриџ“. Пред неколку месеци напаѓачот потпиша нов договор со Наполи, но има откупна клаузула во висина од 130 милиони евра.
„Виктор сака да игра во Челси, иако за него има интерес од Пари Сен Жермен и од Манчестер Јунајтед“, изјави Нигериецот при посетата на Веб Самит Катар.
„Постојано му праќам пораки и се обидувам да го упатам во Челси. Тој би сакал да живее во град како Лондон, а не, да речеме, во Ливерпул. Јас дури и сè уште сум негов агент и ќе земам 20% од сумата“, се пошегува Оби Микел.
Осимен веќе четврта сезона е во Наполи, а беше купен од Лил за 70+10 милиони евра.
Оби Микел има две шампионски титули со „сините“. Тој веќе има 36 години и се повлече од фудбалот во септември 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
