Севилја ја запиша својата осма победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи ја Џирона со 1-2 на гостински терен. Со оваа победа, тимот од Андалузија се приближува кон горниот дел на табелата, собирајќи вкупно 26 бода.
Џирона настапи без македонскиот интернационалец Бојан Миовски, кој е отсутен поради повреда.
Натпреварот започна бурно, со нереализиран пенал од страна на Ромеро за Севилја во третата минута. Џирона поведе во 36. минута со голот на Арнау Мартинез, кој донесе предност за домашниот тим.
Во второто полувреме, Севилја се врати во игра благодарение на Саул Нигез, кој погоди за израмнување во 59. минута. Триумфот за гостите го обезбеди Доди Лукебакио со голот во 88. минута, кој се покажа како одлучувачки за победата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













