Џирона е апсолутен хит во Шпанија оваа сезона. Каталонскиот тим е на врвот во Ла Лига со Реал Мадрид, но, за нивна жал, би можеле да останат без Лигата на шампионите дури и да станат прваци.
По 15 одиграни кола во шпанската Примера, Џирона е големо изненадување на врвот. Заедно со Реал Мадрид, овој тим го дели првото место со по 38 бода, а забележа само еден пораз во досегашниот тек на сезоната.
Интересно е дека правилото на УЕФА, дури и да ја освојат шампионската титула, може да го згасне нивниот голем сон.
Правилникот за сопственост на повеќе клубови на УЕФА наведува дека единствената можност за два тима со ист сопственик да играат во Европа е доколку се вклучени во различни натпреварувања.
Како што е познато, Џирона и актуелниот шампион на Европа и на Англија, Манчестер Сити, имаат ист сопственик.
Клубот кој подобро ќе заврши во домашното првенство би се пласирал во Лигата на шампионите, па Џирона не би била безбедна ниту со титулата шампион на Шпанија, бидејќи „граѓаните“ се еден од најголемите кандидати за титулите во Англија и Лигата на шампионите оваа сезона.
Покрај Џирона и Манчестер Сити, истите сопственици ги имаат и Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокохама, Монтевидео Сити Торк, Сечуан Џиуниу, Мумбаи Сити, Ломел, Троа, Палермо, Баија и Боливар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski