Connect with us

Џирона игра магично, Севилја доби „петарда“ (ВИДЕО)

Џирона ја оствари 16. победа во Ла Лига оваа сезона откако ја декласира Севилја на домашен терен со 5-1. Со овој триумф, каталонскиот тим повторно се искачи и на врвот на табелата со 52 бода, еден повеќе од Реал кој има и еден одигран натпревар помалку.

Ромеро ја доведе Севилја во водство во десеттата минута, но Артем Довбик беше фантастичен и постигна хет-трик за само шест минути. Погоди во 13., 15. и во 19.минута од дуелот и се погрижи за пресврт.

Циганков во второто полувреме зголеми на 4-1, а петтиот гол беше дело на Кристијан Стуани во 89.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови