Connect with us

Џирона го тресна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Џирона одамна не е само закана, туку реален кандидат за титулата во Ла Лига. Го почувствува тоа и Атлетико Мадрид на вечерашниот неверојатен дуел.

Џирона победи со 4-3, со гол постигнат во судиското продолжение од мечот.

Валери ја отвори голеадата во втората минута, а израмни Мората во 14.минута. Савио и Блинд зголемија на 3-1 за Џирона, но Мората беше извонреден и комплетираше хет-трик за повторно израмнување.

Сепак, Иван Мартин во 91.минута го постигна победничкиот гол за Џирона за конечни 4-3.

Џирона со 48 бода повторно се израмни со Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови