Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, му „фрли око“ на дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез. 24-годишниот Англичанец одигра само седум натпревари во Премиер – лигата оваа сезона, играјќи главно во куп-мечевите. По привлекувањето на Ибрахим Конате, Гомез стана четвртиот избор во одбраната во Ливерпул.
Во меѓувреме, Џерард сака да ја засили одбраната во Астон Вила, а целта за следната сезона е да ја заврши во првата половина на табелата и евентуално да се бори за европските турнири.
Јирген Клоп често повторува колку го сака Гомез како фудбалер, но тешко дека ќе може да го задржи долго доколку продолжи да не го користи на клучните натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













