
Един Џеко одигра одлична партија на вчерашното градско дерби против Лацио. Тој не постигна гол во победата на Рома од 2-0, но го намести првиот гол и го принуди противникот на црвен картон.
„Сите знаеме дека ова не беше една од најдобрите сезони за Рома. Но, дербито е секогаш дерби, изгубивме во првиот дел од сезоната, сакавме да дадеме сè за добро да ја завршиме сезоната. Ни преостанува уште еден натпревар“, изјави Џеко за дербито против Лацио.
Го коментираше и доаѓањето на Мурињо во Рим на почетокот од следната сезона.
„Тој веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка средина и подобар тренер не можеше да дојде”, истакна босанскиот напаѓач.
Со оваа победа, Рома се доближи до пласман во Конференциската лига, додека Лацио има сигурно место во Лигата на Европа, но дефинитивно остана без Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal