Италијанскиот калчолигаш Рома оваа сезона игра под очекувањата, а можеби причината лежи и во нарушените односи меѓу првата ѕвезда Един Џеко и тренерот Пауло Фонсека. Тие имаа жестока караница по што босанскиот интернационалец еден период беше и отстранет од тимот, но потоа дојде до помирување за да нема комплетно нарушување на атмосферата.
Сепак, јасно е дека Един Џеко ќе мора да замине по завршувањето на сезоната. Италијанските медиуми најавуваат дека Фонсека побарал напаѓачот да биде ставен на трансфер – листа, а на „Олимпико“ треба да пристигне Мауро Икарди од ПСЖ. Тој бара можност за враќање во Серија А откако не е во прв план во нападот на Маурисио Покетино.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












