Connect with us

Џеко ќе си оди од Интер на крајот на сезоната

Един Џеко речиси сигурно ќе го напушти Интер на крајот на сезоната. 36-годишниот напаѓач не е стартер во тимот на Симоне Инзаги, но по повредата на Ромелу Лукаку тој почесто се појавува на теренот и постига еден од головите на дербито против Милан во поразот од 3-2.


Босанецот има договор до крајот на сезоната, а според медиумите во Италија тешко дека двете страни ќе се договорат за продолжување на соработката.

Можните разговори на оваа тема би можеле да започнат по СП 2022. Сепак, Интер сака да го намали буџетот за плати, а во исто време Џеко веќе има примамливи понуди од САД и од Саудиска Арабија и би сакал да ја продолжи кариерата надвор од Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови