
Џејдон Санчо дефинитивно е на излезна врата во Манчестер Јунајтед. Како што тврдат германските медиуми, Англичанецот е решен да си замине од „Олд Трафорд“ и ќе го напушти клубот веќе на зима.
Наводно, тој останал во контакт со Борусија Дортмунд.
Апсолутен приоритет на Санчо е да игра стандардно, тој сака минутажа и да му докаже дека Ерик тен Хаг греши.
Санчо беше отстранет од тимот пред еден месец поради недоволно залагање на тренинзите, пред дербито со Арсенал.
Потоа јавно го прозва Тен Хаг, за што Холанѓанецот побара извинување, но не го доби.
Во моментов најголеми се шансите Санчо да замине на позајмица, најверојатно во Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
