
Поранешниот италијански репрезентативец Џанлука Вијали би можел да стане нов сопственик на Сампдорија откако Масимо Фереро заврши во притвор поради што тој поднесе оставка од претседателската функција.
Според италијанските медиуми, уште пред Божиќ можно е клубот да биде продаден, по што ќе премине во сопственост на инвестицискиот фонд „Dinan-Vialli group“. Еден од сопствениците на фондот е поранешниот напаѓач Вијали, кој за Сампдорија има 328 натпревари со 141 постигнат гол.
Тој се обиде да го купи клубот во 2019 година, но не успеа. Славниот голгетер моментно работи во Италијанската фудбалска федерација и беше дел од делегацијата на „аѕурите“ на ЕВРО 2020 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
