Connect with us

Џани Инфантино ќе биде единствен кандидат за претседател на ФИФА

Актуелниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, е единствениот кандидат за оваа функција пред изборите следната година. Така, му претстои трет мандат на чело на организацијата.


Гласањето ќе се одржи на 16 март во главниот град на Руанда, Кигали, на следниот конгрес на ФИФА. Рокот за доставување кандидатури е до денеска.


52-годишниот Швајцарец веќе доби поддршка од Јужна Америка, Азија и Океанија, и покрај критиките околу домаќинството на Светското првенство оваа година во Катар и неговите неуспешни планови турнирот да се одржува на секои две години.


Германската фудбалска федерација веќе објави дека нема целосно да го поддржи Инфантино, но и нема да номинира друг кандидат. Џани Инфантино ја презеде функцијата во февруари 2016 година кога го замени Сеп Блатер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови