
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, откако постигна целосен договор со раководството.
Според информациите, 21-годишниот офанзивен играч за врска ќе се обврзе на нов петгодишен договор, со кој ќе заработува 25 милиони евра годишно, што е вкупно 125 милиони евра до јуни 2029 година. Неговиот тековен договор важи до јуни 2026 година, со годишна плата од 8 милиони евра.
Мусијала пристигна во Баерн Минхен од Челси во 2019 година, а веќе следната година дебитираше за првиот тим. Од тогаш, тој одигра 174 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 50 голови и 35 асистенции. Во тековната сезона, Мусијала има 10 настапи и шест постигнати голови.
На меѓународно ниво, овој талентиран фудбалер има 36 настапи за германската репрезентација, постигнувајќи шест гола и осум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс
