Арсенал синоќа загуби од Њукасл со 2-0 и веројатно ја испушти златната шанса по подолг период повторно да игра во Лигата на шампионите. Швајцарскиот интернационалец Гранит Џака по натпреварот јавно ги критикуваше своите соиграчи.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови. Од првата до последната минута изгледавме како да не заслуживме да бидеме на теренот. Не можам да објаснам зошто. Не одигравме според планот, не игравме како што ни кажа тренерот. Игравме страшно лошо. Не заслужуваме ЛШ или Лига Европа“, изјави тој, а потоа беше и брутален:
„Не знам зошто не го правиме тоа што тренерот го бара од нас. Ако не сте подготвени за натпреварот, останете дома. Без разлика на вашата возраст. Ако сте нервозни, останете на клупата или дома. Треба да имаш мадиња за да излезеш овде и да играш. Ова беше еден од нашите најважни натпревари. Им се извинувам на навивачите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













