Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер во Европа за 2025 година. Признанието традиционално го доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој ги објави резултатите за оваа година.
Во изминатата сезона, Дуе имаше фантастична година со ПСЖ, освојувајќи ја титулата во Лига 1, Купот на Франција, како и трофејот во Лигата на шампионите, каде што беше прогласен и за најдобар млад играч на турнирот.
Во текот на сезоната 2024/25, 18-годишниот талент одигра 61 натпревар во сите натпреварувања, постигна 16 голови и забележа 16 асистенции. Дополнително, тој настапи и на Олимписките игри, каде со репрезентацијата на Франција стигна до финалето, а во Лигата на нациите освои бронзен медал.
Наградата „Златно момче“, основана во 2003 година, се доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа под 21 година. Минатогодишен добитник беше Ламин Јамал од Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













