Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, е горд на победата против Мароко од 2-0 и истакна дека пласманот во финалето на Светското првенство е награда за напорната работа на неговите фудбалери во изминатиот период.
Светскиот првак Франција се пласираше во второто последовно финале на Светско првенство и в недела во Катар ќе ја брани титулата против Аргентина.
„Има емоции, гордост. Очигледно дека беше тежок меч, но стигнавме до крајот и нѐ очекува ново финале. Заедно сме еден месец, никогаш не е лесно, но досега беше задоволство и моите играчи беа наградени за големиот труд“, изјави Дешамп по триумфот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












