Connect with us

Дешамп останал заклучен на покривот од хотелот (ВИДЕО)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, имал неволја по пристигнувањето во Букурешт. Тој останал заклучен на терасата на покривот на хотелот каде е сместена француската репрезентација. Селекторот на „триколорите“ ја заборавил картичката за отварање на вратата, го оставил во собата и мобилнјот телефон, па барал помош од случајни минувачи долу пред хотелот.


Дешамп довикнал да му помогнат, а откако тие пријавиле на хотелското обезбедување, работата брзо била завршена.


Франција за противник во осминафиналето ја има селекцијата на Швајцарија, а осминафиналниот меч се игра утре на Националната арена во Букурешт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови