
Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, до следниот вторник треба да го објави прелиминарниот список на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на Европското првенство. Според него, не треба да се очекуваат никакви изненадувања на списокот.
Француската јавност бара изненадувањето да биде Карим Бензема и некои други играчи на кои не се потпирал досега. Сепак, тоа нема да се случи.
„Јас не сум Дедо Мраз и не сум тука за да објавам изненадувања. Го финиширам списокот, има некои играчи кои сè уште се опоравуваат како Корентин Толисо, и јас ги немам сите потребни информации за нивната здравствена состојба. Списокот на фудбалери ќе го објавам во вторник, но бидејќи натпреварите сè уште се играат и по тој датум, мора да се надеваме дека сè ќе биде в ред на здравствен план. Единствениот список што ќе важи е тој што ќе го испратиме до УЕФА до 1 јуни на полноќ “, вели Дешамп.
Карим Бензема последниот натпревар за репрезентацијата на Франција го одигра во 2015 година, а беше исфрлен од националниот тим поради афера со уценувањето на Матије Валбуена. Станува збор за случај стар шест години во кој напаѓачот на Реал Мадрид е осомничен дека бил дел од група која од Валбуена побарала 150.000 евра за да не ги објави снимките од неговата сексуална врска со непознато лице. Затоа ќе мора да се појави и на суд во октомври. Доколку биде осуден, Бензема би можел да се соочи со затворска казна од пет години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген
