
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, ќе продолжи да ги води „петлите“ барем до ЕВРО 2024 година, тврди „Ле Паризиен“. Французите се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во Катар по победата над Англија со 2-1. Дешамп по натпреварот изјави дека сега не е време да зборува за својата иднина.
Сепак, претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает, навести дека сака Дешамп да продолжи да го води тимот. Одлуката селекторот ќе ја донесе по завршувањето на Мундијалот.
Дешамп е на чело на репрезентацијата на Франција од 2012 година. Актуелниот договор на 54-годишниот фудбалер истекува во декември 2022 година.
Под негово водство, „триколорите“ го освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година, пред да загубат од Португалија во финалето на Европското првенство во 2016 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
