
Светскиот првак Франција не успеа да ја совлада БиХ (1-1) во Стразбур, а главоболките за селекторот Дидие Дешамп се уште поголеми по веста за повредата на Килијан Мбапе. Напаѓачот кој беше во фокусот на летниот преоден рок и на крајот сепак остана во Париз, се жали на болки во долниот дел на ногата, и денеска ќе изврши дополнителни прегледи.
Според француските медиуми, Мбапе би можел да го пропушти натпреварот со Украина на 4 септември. Одговорот ќе биде познат откако францускиот репрезентативец ќе мине низ детален „скен“ на ногата.
Франција по четири одиграни кола е првопласирана во групата Д со осум освоени бода, а второто место и припаѓа на Украина со четири бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
