Connect with us

Дербито меѓу Шкендија и Шкупи одложено за вторник

Дербито на претстојното шесто коло во Првата фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи е одложено за вторник, со почеток во 15 часот. На барање на актуелниот првак, а откако се согласил и клубот од Чаир, мечот е одложен.

Причината е тажната атмосфера во Тетово и оддавање почит на жртвите во трагедијата при пожарот во модуларната болница за Ковид-19 во овој град.

Целата држава е во жалост поради овој трагичен настан, а владата прогласи тридневна жалост на целата територија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови