Дербито меѓу Евертoн и Ливерпул од 15. коло во Премиер – лигата е одложено. Причината за одложувањето е бурата наречена „Дара“, која го загрозува овој дел од Велика Британија. Мечот ќе биде преместен за друг термин и најверојатно ќе се одигра во јануари, но сè уште нема официјална потврда за тоа.
Заради истата бура, сите натпревари во Велс беа одложени, а не се знае дали и други натпревари во Премиер лигата ќе добијат дозвола за одигрување.
Засега, нема информации за такви промени, барем не за саботниот ден. Одлуката за одложување на натпреварот меѓу Евертон и Ливерпул беше донесена од страна на властите, кои издадоа „црвен аларм“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













