
Актуелниот шампион Струга Трим Лум по двата неуспеха на стартот од пролетната полусезона се одлучи за смена на кормилото. Замина Ќатип Османи, а за нов тренер е поставен Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, но и тренер на Вардар, Македонија ЃП, Брегалница. себа со стружани ќе има мисија да освои трофеј до крајот на сезоната.
Неговото деби нема да биде нималку лесно, затоа што Струга ТЛ денеска гостува во Кратово.
„Ја познавам екипата на Струга ТЛ, ја следев постојано, тоа е можеби тимот со најдобар индивидуален квалитет во македонското првенство. Но, ќе мора да работиме напорно, фудбалерите да бидат дисциплинирани во извршување на тактичките задачи, и се надевам дека на еден таков начин ќе ги исполниме клупските цели. Тоа е освојување на трофеј, а зошто не и двојна круна“, изјави Илчо Ѓорѓиоски по преземањето на тимот.
Александар Васоски се соочува со проблеми на стартот на пролетта, откако со Силекс беше есенски првак. Сега не му оди најдобро на тимот, елиминиран е од Купот, и ја загуби и првата позиција на табелата. Но, ако има совршен момент за Силекс да ја врати самодовербата, тоа секако би бил триумфот против шампионот на денешниот дуел во Кратово.
Ќе има интересна пресметка и во Маџари, каде се среќаваат Гостивар и Работнички. Двата тима се во борба за позициите на самиот врв на табелата.
Шкендија е фаворит на дуелот против Тиквеш во Тетово, а Шкупи ќе сака да ја продолжи пролетната победничка низа и на мечот против Пелистер на Чаир.
Во Охрид, Воска и Брера ќе имаат директна битка за опстанок.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (денеска, 14 часот)
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВОСКА СПОРТ – БРЕРА
ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
