Најтрофејниот македонски клуб Вардар гостува во Битола, тоа секогаш е најава за да се вжештат страстите, но за жал овојпат навивачката пресмертка ќе се води на социјалните мрежи, затоа што трибините на стадионот под „Тумбе кафе“ ќе останат празни. Но, нема да изостане големата борба на теренот.
„Пелистерци“ се вратија во елитното друштво, тренерот Зоран Штерјовски ’скоцка’ интересен тим чија силна страна е цврстата одбрана. Искусниот Борче Маневски, кој во кариерата го има носено двата дреса, и на Пелистер и на Вардар, се надева на добар натпревар и на крајот да се радува неговиот сегашен тим.
„Во кариерата ги имам носено двата дреса и знам што значи да се игра ова дерби. Тоа секогаш носи огромен мотив за победа и за докажување. Верувам дека ќе биде одличен натпревар, жално е што ќе нема публика, но на теренот борбата секако нема да изостане“, вели Маневски.
Вардар оваа сезона исто така е подмладен, реновиран, не е најсериозен кандидат за титулата. Тренерот Александар Васоски се обидува да се справи со кадровските проблеми и полека тоа му успева. Посакува да извлече поволен резултат на дербито во Битола, пресметката е вечна, без разлика на клупските амбиции и моментни можности.
Фото: https://www.facebook.com/FC.PelisterBitola/
ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО
БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (15 часот)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 1-1
ШКУПИ – БОРЕЦ 3-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













