
Манчестер Сити го пречекува Арсенал на „Итихад“ во новото дерби за титулата во Премиер – лигата, иако станува збор за само петтиот круг од првенството. Овие два тима беа главни кандидати за титулата во последните две сезони, а очекувањата се дека тоа ќе се случи и третпат по ред.
„Граѓаните” одиграа 0-0 со Интер во првиот натпревар од Лигата на шампионите неделава, и не толку резултатот, колку фактот што не постигнаа гол е изненадувачки. Ова им се случи по 18 последовни официјални натпревари, а последниот пат кога завршија без гол беше токму против Арсенал на 31 март оваа година. Ерлинг Халанд повторно беше незабележлив против Федерико Ачерби и сега ќе биде амбициран да ја продолжи својата извонредна голгетерска серија во Премиер лигата. Му недостига само еден гол за да влезе во „клубот 100“ на Манчестер Сити, а веќе има девет гола во шампионатот.
Тешко е да се предвиди дека домашната серија на Сити без пораз ќе заврши – таа сега брои 32 натпревари во Премиер – лигата, од кои „граѓаните“ имаат само шест ремија.
Пеп Гвардиола има седум победи, едно реми и еден пораз во натпреварите против Микел Артета, а конкретно против Арсенал, каталонскиот стратег има најмногу победи во својата кариера како менаџер – 20.
Арсенал исто така одигра 0-0 против италијански тим неделава на стартот на Лигата на шампионите, но „топчиите“ изгледа се задоволни што не го загубија гостувањето кај Аталанта. Херојските одбрани на Давид Раја ги спасија „топчиите“, кои во Премиер – лигата заостануваат два бода зад Манчестер Сити и сигурно ќе треба да избегнат пораз во дербито за да не се оддалечат премногу рано.
Во шампионатот Арсенал се претставува доволно солидно, а импресивно е тоа што тимот не заостанува во резултатот цели 11 натпревари по ред.
Гвардиола нема да може да смета на повредените Оскар Боб и Нејтан Аке, додека тимот на Артета е со повеќе повредени играчи – Микел Мерино, Мартин Одегард, Киран Тирни, Александар Зинченко и Такехиро Томијасу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
