Connect with us

Дерби ден…Супер возбудувања за фудбалските сладокусци

Ел Класико: Барселона – Реал Мадрид (16.15ч)

Денот започнува со веројатно најголемиот натпревар во Европските лиги, без разлика на фактот што ова ќе биде прво дерби без Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос. Реал Мадрид и гостува на Барселона на “Камп Ноу” без Бејл, Себалјос, Исцо и Јовиќ. Додека пак, тимот под водство на тренерот Роналд Куман ќе биде без Араухо, Брајтвајт, Дембеле, Педри, Ваг и Алба, чие присуство сè уште е под знак прашалник.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул (17.30ч)

Двете страни влегуваат во неделниот дуел во Премиер – лигата, по драматичните триумфи во рамките на Лигата на шампионите за време оваа недела. Момците на Клоп остануваат непоразени и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, “црвените” нема да имаат на располагање Алкантара, Елиот и Џонс. Јунајтед, пак, обезбеди победа на подраматичен начин, по неверојатниот пресврт во второто полувреме од 2-0, за конечни 3-2. Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на Диало, Марсијал и Варан за ова големо деби.

Ле Класик: Олимпик Марсеј – Пари Сен Жермен (20.45ч)

Марсеј и ПСЖ се соочуваат еден со друг за прв пат оваа сезона. Иако, нема да го гледаме повеќе во “Ел Класико”, сепак, сите погледи, пак ќе бидат вперени во Лионел Меси во недела, откако херојски го “спаси” својот Пари Сен Жермен од пораз против Лајпциг во Лигата на шампионите, и покрај лошите 60 минути на домаќините. Третопласираниот Марсеј, кој заостанува 10 бода зад лидерот, ПСЖ, ќе го има целиот тим на располагање, додека пак Маурисио Почетино, нема да може да ги повика Рамос, Паредес, Нејмар и Икарди за овој дуел.

Дерби на Италија: Интер – Јувентус (20.45ч)

Денот завршува со судирот на актуелниот шампион во Серија А, Интер и Јувентус на на Сан Сиро. Натпреварот меѓу двата италијански гиганти кои потекнуваат од најнаселените градови Милано и Торино, беше доби име “Дерби на Италија“ во 1960-тите. Покрај неуспехот во раниот дел од сезоната, се чини дека “бјанконерите” се опоравија со Масимилијано Алегри на клупата, а пак Интер се надева дека ќе продолжи да го следи Наполи во битката за лидерската позиција. По двајца фудбалери ќе недостасуваат на двете страни, односно Бразао и Ериксен кај “нераѕурите”, и Дибала и Рабио кај гостинскиот состав.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови