Connect with us

Депај со прашање до Макрон: И Французите ќе играат со Казахстан, а за нив нема „државна забрана“

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај бурно реагираше на одлуката на француските власти да им даде дозвола на клубовите да не ги пуштат фудбалерите во националните селекции, посебно ако треба да настапуваат во земји надвор од Европската Унија. Сето ова како дел од посебните мерки за заштита од пандемијата на коронавирусот.

Мемфис Депај упати јавно прашање до претседателот Емануел Макрон и до француската влада.

„До владата на Франција…Дали може да играм за мојата репрезентација? Тоа би било фер со оглед дека се прави отстапка за Франција. И репрезентативците на вашата земја ќе играат во Казахстан, а тоа не е земја од ЕУ“, напиша на Инстаграм, Мемфис Депај.

Холандија во првата сесија од квалификациите за СП 2022 во Катар ја очекува дуел против Турција во Истанбул, што е всушност и спорниот момент за Мемфис Депај да и се приклучи на националната селекција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови