Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше без голови против Србија на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, во вториот меч од новиот квалификациски циклус за ЕП 2023. По поразот од Франција во Ле Ман, избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа многу поквалитетно против Србите.
Блескаше голманот Давид Денковски кој успеа да одбрани пенал во 26.минута. Тој го скроти ударот на Слободан Тедиќ, а потоа и вториот обид на Милосављевиќ. Во текот на натпреварот Денковски имаше уште неколку одлични интервенции.
Македонија имаше две убави шанси за триумф во второто полувреме преку Фазлагиќ. На ова претходеше и опасна акција на Методи Максимов во првиот дел.
Фудбалерот за врска во 70.минута се закани со удар со глава по корнерот од десната страна, но српскиот голман Милош Гордиќ одбрани.
Во 79.минута Енис Фазлагиќ излезе сам пред противничкиот голман, но Гордиќ го скрати аголот и повторно спаси. Во судиското продолжение и Лука Трајкоски и Дашмир Елези имаа одлични можности, но не беа снаодливи во завршницата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













