Нов ден, нови возбудувања на СП во Катар. Денот го отвора селекцијата на Србија која во 11 часот ќе се сретне со Камерун. Двете селекции забележаа порази на стартот на Мундијалот, па сега ќе се обидат да стигнат до првите бодови. Избраниците на Драган Стојковиќ Пикси посакуваат триумф со кој ќе се вратат во игра за пласман во нокаут фазата.
Јужна Кореја и Гана ќе ги одмерат силите од 14 часот. Гана загуби од Португалија со 3-2, но покажа дека може да биде опасна за ривалите. Јужна Кореја исто така се надева дека ова е мечот со кој може да се вивне во трка за осминафиналето.
Бразил покажа сила против Србија, а селекцијата на Тите ќе сака да ја потврди и против Швајцарија и со победа се пласира во следната рунда.
Слична е ситуацијата и со Португалија. „Европските Бразилци“ играат против Уругвај и со победа ќе завршат работа веќе по второто коло од групната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













