Нов ден на Светското првенство во фудбал. Прашањето на денот е секако дали Германија ќе преживее или ќе мора да го напушти Мундијалот по првата фаза. По почетниот пораз од Јапонија, вечерва (20 часот) Германците играат дерби дуел против Шпанија. И, мораат да победат.
Денот започнува со дуелот меѓу Јапонија и Костарика (11 часот). Јапонците со триумф ќе обезбедат осминафинале.
Белгија сака да докаже дека слабата игра на стартот беше само слаб ден, иако славеа против Канада. Денеска ќе играат против Мароко (14 часот).
Пресмтката меѓу Хрватска и Канада (17 часот) имаше најава со канадскиот селектор, кој не покажа многу респект, па дури и вулгарно зборуваше за „коцкестите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













