Од денеска натпреварите од Светското првенство ќе се играат во два временски термини, од 16 и од 20 часот. Овој распоред ќе важи за третото коло во групната фаза.
Стартуваат натпреварите кои ќе одлучуваат за разврската по групите и пласман во елиминациската фаза, а секако дека ќе се играат во исто време и двата меча од истата група за да нема калкулации.
Денеска на програмата се решавачките дуели во групите А и Б, каде ниту една селекција се уште не изборила пласман во осминафиналето.
Од 16 часот се играат натпреварите во групата А, а се среќаваат Еквадор – Сенегал и Катар – Холандија. „Лалињата“ се лидери во групата со четири бода, Еквадор и Сенегал имаат по три, додека домаќинот Катар нема бодови и нема шанси за осминафинале.
Четири часа подоцна ќе следи разврска во групата Б, каде што се закажани натпреварите Англија – Велс и САД – Иран.
Пред последното коло Англичаните се први со четири бода, Иранците имаат три, Американците два, а Велс досега освои еден бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













