Францускиот интернационалец Осман Дембеле, сепак, би можел да остане на „Камп Ноу“ и по завршувањето на сезоната. По многу перипетии и долги преговори, можно е Дембеле сепак да потпише нов договор со клубот и да остане во редовите на Барселона.
Каталонскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека менаџерот на францускиот напаѓач следната недела би требало да дојде во Шпанија и да разговара со раководството на Барселона за неговата иднина.
Дембеле побара огромна плата за новиот договор, Барселона тоа го одби, но очигледно дека големите разлики би можеле да бидат доближени во новата рунда разговори.
Актуелниот договор на Осман Дембеле истекува на крајот од сезоната и Барселона најави дека тој сигурно ќе биде продаден до крајот на јануари, ако не стави потпис за нова соработка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal