Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Oсман Дембеле, на емотивен начин му оддаде почит на трагично починатиот Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа. Францускиот репрезентативец го направи тоа веднаш по постигнатиот гол против Баерн Минхен, во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Дембеле влезе како замена и во последните моменти од натпреварот го постави конечниот резултат од 2-0, со што ПСЖ обезбеди пласман во полуфиналето.
Dembélé’s tribute to Diogo Jota 🎮❤️ pic.twitter.com/MWyGJq5enC
— 433 (@433) July 5, 2025
По голот, тој седна на тревата, ги скрсти нозете и го имитираше препознатливиот начин на прослава на Жота – движење со рацете како да држи џојстик, алудирајќи на гејмерската пасија на покојниот Португалец.
Овој гест на Дембеле предизвика многу емоции на трибините и на социјалните мрежи, каде фановите го пофалија за покажаната почит и човечност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













