Каталонскиот гигант Барселона објави дека Осман Дембеле имал успешна операција на коленото и ќе биде надвор од терените четири месеци. Дембеле се здоби со повредата во дресот на репрезентацијата на Франција на дуелот против Унгарија на Европското првенство.
Напаѓачот беше опериран во Финска, а сега го очекува долг рехабилитациски процес.
„Осман Дембеле успешно беше опериран за да биде санирана дислоцираната тетива во феморалниот бицепс на десното колено. Операцијата е изведена во Турку (Финска) од докторот Ласе Лемпаинен и под надзор на медицинскиот тим на Барселона. По ова, францускиот напаѓач ќе биде надвор од терените околу четири месеци“, соопшти Барселона.
Дембеле ќе го пропушти почетокот на новата сезона 2021/22 и најверојатно нема да се врати на теренот пред ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













