Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани, изјави за шпанските медиуми дека го информирал Осман Дембеле како мора да ја напушти Барселона. Едно од најскапите засилувања во историјата на Барселона е на излезна врата од клубот, иако се уште никој не знае каде би можел да ја продолжи кариерата.
Стотици пати се пишуваше за Дембеле и неговите „злодела“ откако беше во Барселона, а францускиот репрезентативец со години молчи за се. Тој денеска го прекина своето „силенцио“ со објава на Инстаграм во која за првпат проговори за својот статус во Барселона.
„Поминаа четири години откако престанав да читам се што се пишува за мене и откако престанав да се правдам. Озборувањата за мене се таложат со години и последниве четири години луѓето пишуваат срамни работи и лаги за мене. Се задржав на мојот принцип дека нема да им одговорам. Дали згрешив?
Од денеска нема да биде така. Од денеска ќе одговарам искрено, без никаква согласност за уцена. Имам 24 години и како и секој друг маж имам маани, не сум совршен. Живеев во многу сложен период, полн со повреди и проблеми, а големо влијание врз мене имаше и Ковид-19. И покрај тоа, иако не тренирав редовно, секогаш му бев на располагање на тренерот и тоа без прашање.
Дадов се од себе на теренот бидејќи фудбалот е моја страст. Целосно сум свесен колку имам среќа во работата што ја работам и забранувам некој да каже дека не сум посветен на спортот. Забранувам лаги за мене и невистини за мене и мојот агент. Секогаш сум на располагање на мојот клуб и тренер, дадов се за моите соиграчи и тоа никогаш нема да се промени.
Јас не сум човек што изневерува и што се извлекува, но и не се согласувам со уцени. Како што знаете, преговорите се во тек и ги оставам целосно на мојот менаџер. Тоа е негов терен, а мојот терен е оној каде што е топката и каде што споделувам убави моменти со соиграчите. На крајот на краиштата, да се фокусираме на победите. Грижете се за себе и за вашите. Осман Дембеле“.
Барселона со месеци преговараше за нов договор со Дембеле, а Алемани преку соопштение потврди дека преговорите пропаднале. Иако со месеци го убедуваше да остане, Барса сега има 11 дена до крајот на преодниот рок да го продаде Дембеле, чиј договор истекува на лето и тој може да си замине без обештетување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal