
Тиквеш ја пречекува Брегалница во Кавадарци во последниот есенски предизвик и посакува победа за поубава разделба пред зимскиот одмор. Дефанзивецот Тоше Делов најавува жестока пресметка на старите познаници.
„Натпреварите со Брегалница секогаш биле возбудливи, тоа ривалство трае уште од втората лига. Свесни сме дека не очекува тежок натпревар на кој сигурно ќе го дадеме максимумот за да победиме“, вели Делов.
Тиквеш лошо го стартуваше првенството, но по доаѓањето на Влатко Костов на кормилото резултатите се многу подобри.
„Со оглед како ја почнавме сезоната, треба да бидеме задоволни, но секогаш може подобро. Тиквеш може и мора многу повеќе да покаже во остатокот од сезоната“, порачува одбранбениот фудбалер на кавадаречкиот прволигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski