Делегацијата на Арсенал, предводена од спортскиот директор Андреа Берта, си заминала од Лисабон без да постигне договор со Спортинг за трансферот на Виктор Ѓокереш. Според португалскиот весник „Рекорд“, двата клуба не ги прифаќаат условите на спротивната страна и моментално зделката, која се сметаше за сигурна, повторно е доведена во прашање.
Раководството на португалскиот шампион и натаму инсистира на 70 милиони евра фиксно, плус 10 милиони евра во форма на бонуси. „Рекорд“ тврди дека понудата на лондонскиот клуб е структуирана: 65 милиони + 5 милиони + 10 милиони.
Ѓокереш донел цврста одлука дека повеќе нема да игра за Спортинг. Сепак, Швеѓанецот е загрижен дека посакуваниот трансфер во Арсенал може да пропадне, иако веќе постигнал личен договор со англискиот клуб за петгодишен ангажман. Според британските медиуми, во таборот на напаѓачот се подготвени да чекаат до самиот крај на преодниот рок, а доколку не се реализира продажбата, Ѓокереш би можел да замине на позајмица во друг клуб. Ситуацијата се споредува со онаа на Виктор Осимен минатото лето.
Од друга страна, „А Бола“ пренесува дека од „Емирати“ се подготвени да ги исполнат барањата на Спортинг и на крајот да ја платат бараната сума од 70 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













