
Фудбалерот за врска на Арсенал, Деклан Рајс, не ја криеше својата разочараност по елиминацијата од Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен (1-3, вкупно). И покрај одличната сезона, „топчиите“ остануваат без трофеј, што посебно боли, според Рајс.
„Сите очајно сакаме трофеј. Затоа играме фудбал – за да освојуваме, да бидеме на врвот. Овојпат не успеавме, но бевме блиску. Арсенал заслужува да се бори за титули“, рече англискиот репрезентативец.
„Многу ѕвезди губеле пред да стигнат на врвот. Ова боли – гледате колку ни е тешко и на нас и на тренерот. Сакавме да бидеме во Минхен, но ќе се вратиме посилни“, порача решително Рајс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal