
На 86-годишна возраст почина легендата на англискиот фудбал, Сер Боби Чарлтон. Целиот спортски свет тагува за смртта на поранешниот фудбалер.
Еден од фудбалерите кои јавно проговорија за загубата беше Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед.
„Сѐ започна со Сер Боби. Тој беше причината поради која имав можност да играм за Манчестер Јунајтед… Засекогаш ќе му бидам благодарен на овој човек на кој му се восхитував. Тој беше херој за мене и за многу други ширум светот, не само во Манчестер и нашата земја, со која го освои Светското првенство во 1966 година. Вистински џентлмен, семеен човек и национален херој“, напиша Бекам во објавата на неговиот Инстаграм профил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal