Connect with us

Дефанзивец на Галатасарај тешко настрадал активирајќи новогодишен огномет

Одбранбениот фудбалер на Галатасарај, Омар Елабделауи, ја доведе во ризик својата кариера откако тешко настрада активирајќи огномет за новогодишната прослава. Тој е хоспитализиран со оштетувања на очите и сериозни изгореници на рацете. 

Тренерот Фатик Терим, потпретседателот на Галатасарај, Абдурахим Албајрак и капитенот Арда Туран го посетија норвешкиот интернационалец во болница. 

Докторот Ведат Каја вели дека Омар Елабделауи има сериозни повреди на едното око.

„Има оштетувања на двете очи, едното е многу посериозно повредено. Состојбата е подобра од периодот кога беше доведен во болница, но се уште се прават детални испитувања. Не е во животна опасност, но се бориме да ја спасиме неговата фудбалска кариера. Ќе мораме да почекаме една или две седмици, па потоа ќе излеземе со детална здравствена проценка“, изјави докторот од клиниката во Истанбул каде е згрижен фудбалерот на Галатасарај. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови