Само еден ден откако Серхио Рамос најави дека ќе го напушти Реал Мадрид по цели 16 години, клубот веќе се подготвува за заминување на уште еден дефанзивец, Рафаел Варан. Францускиот дефанзивец има само уште една година од договорот на “Сантијаго Бернабеу”, но наводно нема намера да го продолжи. Мадридскиот тим досега му доставил две понуди на 28-годишникот, но тој не е задоволен од новите услови кои му ги нудат.
Исто така, на Варан не му се допаѓа повеќе животот во Мадрид, и како резултат на сето ова, тој одлучил дека ќе си замине од шпанскиот главен град, а оваа одлука официјално ќе ја соопшти по завршувањето на Европското првенство ова лето, тврдат медиумите во Шпанија.
Постои голема шанса за негово враќање во татковината, со оглед на тоа што Пари Сен Жермен искажува интерес за негово доведување, додека пак Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го “примами” во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal