Connect with us

Де Роси го продолжи договорот со Рома до 2027 година

Бившиот италијански репрезентативец Даниеле де Роси, кој во јануари го наследи Жозе Мурињо како тренер на Рома, го продолжи договорот со римскиот клуб до 2027 година, објави клубот.

„Среќни сме да го официјализираме продолжувањето на договорот на Даниеле де Роси како тренер на првиот тим до 2027 година“, се вели во соопштението на „џалоросите“.

Де Роси е емблематичен фудбалер на Рома, каде што ја помина речиси целата своја кариера од 2001 до 2019 година. Тој имаше договор само до крајот на минатата сезона.

Рома заврши на шесто место во Серија А и се квалификува за Лига Европа.

Под водство на 40-годишниот Де Роси, кој претходно го водеше само СПАЛ, тимот постигна 10 победи во последните 18 првенствени натпревари.

Рома стигна до полуфиналето на Лига Европа, но во претпоследната фаза беше поразена од Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови