Connect with us

Де Лихт пред потпис на нов договор со Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Матијс де Лихт нема многу време да размислува за иднината во редовите на великанот од Торино, бидејќи неговиот договор истекува летото 2024 година, а неминовно е да иницира нова соработка доколку сепак се гледа и понатаму во дресот на „старата дама“.


Де Лихт за кратко време прерасна во лидер на Јувентус во одбраната, често постигнувајќи голови, како што беше случај и во минатото коло против Калјари, кога го израмни резултатот.

„Газета дело Спорт“ најавува дека крајно време е Де Лихт да го продолжи договорот со Јувентус за клубот потоа да може комотно да заработи повеќе во случај на негово заминување. За Де Лихт се заинтересирани Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона и Челси и затоа Јувентус е подготвен да ги слушне понудите.

Тренерот Масимилијано Алегри планира да го награди Де Лихт со капитенската лента следната сезона, кога Џорџо Киелини дефинитивно ќе ја заврши кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови