Холандскиот централен дефанзивец на Баерн Минхен, Матиjс де Лихт може да се пресели во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ внимателно го следат играчот бидејќи сакаат да ја засилат стоперската позиција на која настапува Холанѓанецот.
Менаџерот на тимот, Ерик Тен Хаг, веќе соработуваше со Де Лихт во Ајакс и максимално ги цени неговите способности.
На играчот ќе му биде дозволено да го напушти Баерн доколку Манчестер Јунајтед даде соодветна понуда.
Де Лихт се пресели во Баерн Минхен во летото 2022 година кога играше за Јувентус, а Баварците тогаш го проценија на 67 милиони евра. Оваа сезона, дефанзивецот одигра 30 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција.
Неговиот договор е до јуни 2027, а вредноста на играчот е околу 65 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













