Матијс де Лихт пристигна во Јувентус за 120 милиони евра. „Старата дама“ имаше големи надежи во поранешниот капитен на Ајакс и репрезентативец на Холандија, но тој не успеа да се наметне во Серија А. Како што сега стојат работите, прашање на време е кога ќе замине од Торино.
Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Мино Раиола контактирал со Барселона и дека неговиот клиент е подготвен да се пресели на „Камп Ноу“ под многу поповолни услови отколку кога дојде во Јувентус.
Изворот наведува дека проблем за Барса е неговата плата, но таа би се решила со продажбата на Кутињо.
Де Лихт има договор со „бјанконерите“ до летото 2024 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski