
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, зборуваше пред утрешното четвртфинале на ЕВРО 2024 против домаќин Германија.
„Ќе биде изедначен натпревар, тоа може да биде финале. Шансите се 50-50, многу изедначено“, започна Де да Фуенте.
„Германија е одлична репрезентација. Имаат многу стабилен, избалансиран тим, имаат индивидуалци како Џамал Мусијала и Флоријан Вирц. Тие се противници за финалето на Европско првенство или Светско првенство.“
„Крос е екстра класа и штета што сака да го напушти фудбал. Мислевме да му ги врземе нозете, но мислам дека УЕФА нема да ни дозволи“, се пошегува селекторот на Шпанија.
„Најдоброто нешто е да се браниме со подобар напад. Играме против противник со слична идеја како нашата. Поголеми шанси да го добие натпреварот ќе има оној кој ќе направи помалку грешки“, истакна Луис де ла Фуенте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
