Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, ги пофали своите играчи по победата со 4-1 над Грузија во осминафиналето на Евро 2024. Тој немаше како да не биде задоволен од тимот, кој создаде многу шанси во натпреварот.
Според него, „Црвената фурија“ можеше да постигне 8 или 9 гола на оваа средба.
„Среќни сме, затоа што знаеме колку е тешко за сите тимови. Резултатот лаже, затоа што можевме да постигнеме 8 или 9 гола. Имавме некои проблеми со контранападите, затоа што тоа е нивното оружје. Тие не упатија прецизен удар, а ние самите си постигнавме автогол. Им честитам на играчите, затоа што тие ги носат одлуките во тешки ситуации. Самите решаваат дали треба да трчаат повеќе или помалку, дали да ја задржат топката… Постоеше опасност да се појави очај и нервоза, но ние успеавме да останеме смирени и да постигнеме голови. Можеа да бидат и повеќе, но важно е што направивме нов чекор напред на турнирот, што ни дава дополнителна самодоверба“, изјави Де ла Фуенте.
„Многу сме среќни, ова беше важен натпревар со кој се пласиравме во четвртфиналето против Германија. Знаевме низ што треба да поминеме за да стигнеме до овде. Работевме многу напорно. Тие мислат дека веќе победиле, но ние сме цврсто на земја. Прво треба добро да се опоравиме, а потоа да покажеме кои сме. Треба да се зајакнеме и да станеме препознатлив тим со секој следен ден. Мислам дека веќе сме такви. Против Германија треба да го дадеме најдоброто. Немаме друг избор“, додаде Де ла Фуенте.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski