
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, смета дека борбата за титулата во Шпанија е во раце на каталонците, а во пресрет на мегадуелот Ел Класико во Мадрид. Холандскиот интернационалец вели дека ако Барселона го добие дербито против Реал Мадрид во 30. коло од Ла Лига, како и сите останати мечеви до крајот на шампионатот, ќе биде шампион.
„Ла Лига е во наши раце. Ако ги добиеме сите натпревари, ќе станеме шампиони. Сè зависи само од нас. Да се освои Ел класико е многу важно. Таквиот резултат ќе нè приближи до целта, но мислам дека овој натпревар нема да биде решавачки. На натпреварите со Реал Мадрид секогаш има голем притисок. Денешното дерби нема да се разликува од претходните. Ние сакаме да победиме и како се приближува мечот, така се зголемува психолошкиот притисок“, изјави Де Јонг.
Реал Мадрид вечерва ќе ја пречека Барселона на стадионот „Алфредо ди Стефано“, со почеток во 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal