
Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Кевин де Бруине, очекува тежок натпревар против Реал Мадрид во плејофот на Лигата на шампионите. Двата тима ќе се сретнат неочекувано рано во турнирот, но тоа е резултат на новиот формат, поради неубедливите претстави на двата клуба во основната фаза.
Белгиецот изјави дека веќе има играно против мадридскиот клуб во различни етапи од натпреварувањето и знае што да очекува.
„Играв против Реал Мадрид практично во секоја етапа од турнирот, од осминафиналето до полуфиналето во последните 10 години. Знаеме зошто ќе се сретнеме толку рано – затоа што не се снајдовме подобро во првата фаза на турнирот. Тоа е тоа. Во овие натпревари, секој мал детаљ прави разлика. Ова ќе биде голем двобој меѓу два врвни тима. Борбата ќе се решава во два натпревари, така што не треба да правиме нешто лудо уште сега“, смета де Бруин.
„Јас сум тука веќе 10 години и веројатно подобро разбирам за што станува збор во споредба со другите играчи. Не е важно дали играме против Лејтон Ориент, секогаш пристапувам со почит кон противникот и се трудам да ја завршам својата работа. Не е важно против кого играме. Важно е да пристапиме на натпреварот со максимална сериозност. Доаѓањето на Реал секако носи и дополнителен мотив кај сите“, додаде Белгиецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
