Connect with us

Де Бруин го прегрна Бензема и го замоли: „Може ли да го имам твојот дрес, ми треба за мојот син?“

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а реваншот ги очекува веќе в среда кога домаќини ќе бидат „граѓаните“ на „Итихад“.
Пет дена по натпреварот одигран на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, француските медиуми ги открија деталите од разговорот меѓу Карим Бензема и Кевин Де Бруин по последниот судиски свиреж.


Белгиецот му пријде на Бензема и го замоли да му ја исполни желбата на синот.


„Може ли да го имам твојот дрес, ми треба за мојот син“, открија новинарите на RMC Sport.
Бензема со години е еден од најдобрите и најпопуларни играчи во светот, па барањето кое го доби од белгискиот играч за врска не е изненадување. Секако, со радост му подари дрес на синот на Кевин Де Бруин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови